Екипата на МЗТ Скопје го победи Борац од Бања Лука во петтото коло на АБА 2 лигата одигран на Златибор. Тоа е трет триумф на „штрковите“ сезонава, а втор по ред по оној над Сутјеска пред два дена.
Денеска МЗТ славеше со 67-61. Македонскиот првак беше одличен во првата четвртина која ја доби со 19-8, но одигра нешто послаба втора четвртина по што на полувреме имаше предност од 29-26. А третата четвртина беше решавачка, во неа „штрковите“ имаа одличен настап и во една одлична серија на кошеви отидоа на +19. Јасно беше дека во завршниот период само треба да ја сочуваат предноста што и се случи.
КаЈ МЗТ најефикасни беа Војдан Стојановски со 15 поени, Душан Танасковиќ постигна 14, а Баковиќ 12.
FOTO>ABA2 league