Да се знае кој е кој. Да се знае кој КРАЛОТ. А тоа е Новак Ѓоковиќ кој вечерва во полуфиналето на завршниот мастерс во Торино со 2:0 просто го збриша Карлос Алкараз и со тоа успеа да се пласира во големото финале.
А таму утре од 18 часот Новак го чека мега – пресметка со Јаник Синер, од кого загуби во групата. Време е за одмазда.
Првиот сет Новак го доби со 6:3 и тоа без никаков проблем. Во вториот сет Шпанецот се обиде во одредени моменти да фати резултатски приклучок, имаше и некои добри моменти, но сепак и овој сет го загуби убедливо со 6:2, па така Новак победи со конечни 2:0.