Ракометарите на Охрид со 19:29 (7:15) славеа убедлива победа среде Битола, и тоа кај Е.Пелистер 2. Со оваа победа момците на стратегот Стевче Алушовски се пласираа во плеј-офот во нашата ракометна Суперлига.
Победата Охрид ја најави уште во првиот дел, а во текот на мечот имаше на моменти и плус разлика од 11 гола.
Во редовите на победничкиот тим најефикасен беше Орјокинидзе со 8 голови, додека кај домашните се истакнаа Митревски, Трпчевски и Белистојановски со по три погодици.