По тешкиот пораз во Лигата на шампионите, Пелистер се рехабилитираше во Супер-лигата. Македонскиот првак на домашен терен го пречека Вардар Неготино кого го совлада со убедливи 38-14 во меч од 11 коло во Супер-лигата.
Името на победникот беше решен по првото полувреме (18-7). Гостите се држеа на почетокот, по 8-7, битолчани со серија 13-0 поведоа со 21-7 на стартот на вториот дел. До крајот беше чиста рутина за македонскиот првак, каде Петар Атанасијевиќ имаше 14 гола, Ненад Костески постигна осум, додека Ѓорговски Емилијан застана на седум.
Во редовите на гостинскиот табор за кого ова е деветти пораз оваа сезона, Адамовиќ запиша пет гола.