Ненад Димитријевиќ и Емил Рајковиќ запишаа нови победи во ВТБ-лигата. ЦСКА Москва предводена од македонскиот стратег дојде до до 10 триумф, откако славеше со 80-74 на гостински терен кај Р.Б. Москва и остана на лидерското место на табелата.
Македонскиот репрезентативец и неговиот Уникс Казан беа подобри од Енисеј на домашен терен со 91-80. Димитијевиќ беше втор стрелец кај својот тим, постигна 19 поени, осум скока и 7 асистенции за 35 минути во игра.
Уникс е веднаш зад ЦСКА со скор од осум победи и два порази, но и меч помалку.