Работнички не знаеше за доста со Охрид!

352

Петта победа во осмиот меч од нашата елитна кошаркарска лига на Работнчки, и тоа каква против Охрид. Крајниот резултат од 86:56 покажува кој бил кој на паркетот.

Големиот фаворит, тимот на Работнички уште во првата четвртина покажа кој ќе победи на овој меч, и ја доби со 21:4, и така беше се до самиот крај на мечот, разликата само се зголемуваше. Тимот на Охрид колку да се обидуваше да стори нешто повеќе, сепак беше немоќен и го забележа седмиот пораз во осмиот меч оваа сезона.

Само во последната четвртина Охриѓани успеја колку толку да дадат отпор па и да ја добијат во своја корист.

Натпреварот во Кале се играше без публика поради суспензијата на Работнички. Инаку ова беше првпат во историјата да се сретнат овие две екипи во еден официјален меч.

Бернард од тимот на Охрид со 19 поени беше најефикасен на мечот, додека кај победничкиот состав најефикасен беше Ѓуроски со 15 поени.

ПретходноЈунајтед ја одреди цената за Санчо, само еден тим може да ја плати!
СледноХрватска со рутински триумф кај Летонија, сега е на чекор до ЕВРО 2024! (ВИДЕО)