Видео објава во која Серхио Рамос одби да потпише дрес на Реал Мадрид стана вирално на социјалните мрежи. Шпанецот се доведе до ситуација да објасни што точно се случило. Рамос потпишуваше дрес на Севиља, сегашниот негов клуб, потоа навивач му донесе дрес на Реал Мадрид и тој одби да го потпише. Следуваше дрес на ПСЖ кој исто така го потпиша, тоа е клубот во кој замина по напуштањето на Реал.
Рамос 16 години помина во Реал Мадрид беше капитен, освои многу трофеи, па е миленик кај навивачите.
„Веќе потпишав шест дресови на Реал Мадрид. А има луѓе кои потоа ги ставаат на аукција или ги продаваат онлајн. Тоа се истите луѓе кои постојано ми приоѓаат со дрес и потоа ги продаваат“, објасни Рамос зошто не го потпишал тој дрес.
Sergio Ramos refusing to sign a Real Madrid jersey.
😂😂😂😂
— 𝐂𝐇𝐀𝐑𝐋𝐄𝐒 (@ChaaliiyKay) November 18, 2023