Рашфорд се повреди во бизарен дуел со Арнолд, ќе го пропушти мечот со Македонија

130

Англија на домашен терен ја совлада Малта со 2:0 во меч од квалификациите за ЕП, а натпреварот на „Вембли“ го одбележи дуел меѓу Трент Александер-Арнолд и Маркус Рашфорд. На почетокот на второто полувреме Англичаните беа во напад, Трент Арнолд тргна со спринт кон голот на Малтежаните, а пред него се испречи Рашфорд кој се враќаше од офсајд и двајцата се судрија. А работата да биде полоша фудбалерот на Манчестер Јунајтед се повреди.
Лекарскиот тим го оспособи Арнолд, но Рашфорд не. Напаѓачот на Јунајтед ќе го пропушти дуелот со Македонија во понеделник.

ПретходноНБА излезе со листа: Јокиќ и Дончиќ се први фаворити за МВП на сезоната!
СледноНепоразените на мегдан: Струмичка пресметка за врвот