Реал Мадрид потврди: Без најдобриот играч во следните два месеци!

352

Реал Мадрид би можел да остане без бразилскиот репрезентативен напаѓач, Винисиус повеќе од два месеци поради повреда на бутниот мускул, која ја заработи за време на квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Винисиус се повреди на натпреварот против Колумбија кој се одигра во четвртокот.

Констатирана му е руптура на феморалниот бицепс на левата нога со зафатена дистална тетива, соопшти Реал по првичните прегледи. Винисиус оваа сезона постигна шест гола и даде четири асистенции во сите натпреварувања.

Клубот доби лоша вест и од Франција бидејќи играчот од средниот ред, Камавинга го повреди десното колено на тренингот со репрезентацијата пред натпреварот против Гибралтар. Засега не е познато колку е сериозна неговата повреда.

ПретходноЛевандовски: Требаше да одам во Блекбурн, но Гримсветн промени сè
СледноЈовиќ тргна со победа: Драма во Автокоманда со среќен крај за Пролет