Силвињо во транс по пласманот на Албанија на ЕП: Чест ми е што сум селектор на оваа репрезентација

2119

Албанија втор пат во историјата ќе учествува на Европското првенство. Синоќа нашиот западен сосед избори пласман на завршната смотра што е огромен успех. Албанија прв пат играше на ЕП во 2016 година, тогаш италијанскиот стратег Џовани Де Бјази ги однесе Албанците на завршниот турнир во Франција каде што испаднаа во групата фаза со тоа што забележаа една победа и два порази (победа над Романија).

По него дојдоа Кристијан Панучи, потоа Ервин Булку (в.д.селектор), па Еди Реја кои не го повторија она на Ди Бјази. На крајот Федерацијата одлучи место италијански селектор, да проба Бразилец. И така на 1 јануари 2023 година на клупата седна Силвињо, некогашен играч на Арсенал, Барселона, Манчестер Сити и бразилски репрезентативец.

А тој на осум меча забележа пет победи, две ремија и еден пораз.

Вчерашното реми со Молдавија во Кишињев значеше и заверка на билетот за ЕП. Силвињо по мечот им се фрли на навивачите како во транс се поздравуваше со присутните на стадионот славејќи го големиот успех како за себе така и за албанската нација.

Чест ми е што сум селектор на Албанија. Ја чувствувам енергијата, желбата за успех на овие момци и на овој народ. Не е само на Силвињо, туку овој успех е и на Забалета, Дорива, Булку (неговите помошници), целиот стручен штаб и на фудбалерите. Клучот за овој успех не е тактиката, туку желбата да се успее и љубовта кон фудбалот.

Имаме компактен тим, но исто така сме отворени за нови фудбалери. Секој кој е квалитетен и има желба за фудбал е добредојден“, изјави Силвињо.

ПретходноНепоразените на мегдан: Струмичка пресметка за врвот
СледноЛеклер најбрз во квалификациите во Лас Вегас