Синер е првиот финалист во Торино

193

Јаник Синер е првиот финалист на АТП Мастерс Купот во Торино. Италијанскиот тенисер во првото полуфинале беше подобар од Данил Медведев со 2-1 по сетови (6-3, 6-7, 6-1).

Синер во финалето ќе игра против подобриот од новата пресметка меѓу Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ.

Откако изедначи на 1-1, рускиот тенисер пабара медицински тамј-аут поради повреда. Оваа ситуација максимално ја искористи Синер, кој беше убедлив во третиот сет со 6-1.

Во првиот сет двајцата тениери оваа проблем со првиот сервис, Медведев направи бројни грешки, па Синер лесно со два брејка го реши сетот со 6-3. Во следниот гледавме поизедначена битка во која Медведев не се откажа, сетот беше решен во тај-брејк (6-7).

ПретходноФијаско на трибините во АБА2 лига, повеќе навивачи има на Прва лига жени!
СледноПобеди за Рајковиќ и Димитријевиќ во ВТБ-лигата