Словакот Глова ќе ни суди со Англија!

256

 

Еден од најдобрите судии во Словачка, Филип Глова е одреден да биде дел од спектаклот во понеделник на Арената во Скопје, каде од 20:45 часот се среќаваат Македонија и Англија. Тој ќе биде главен судија, а негови помошници се Даниел Полачек, Петер Беднар и Борис Марфевка, исто од Словачка.

Судии во ВАР собата ќе бидат од Словачка и Полска.

Филип Глова има само 35 години, важи за еден од најдобрите судии во својата земја и еден од најперспективните  во Европа. Покрај мечеви во својата земја тој редовно суди и на евро-сцената.

ПретходноПобеди за Рајковиќ и Димитријевиќ во ВТБ-лигата
СледноПелистер со серија од 13-0 го реши Вардар Неготино