Алкалоид по завршување на домашната обврска против Аеродром целосно се насочи кон подготовки за предизвиците во Европската лига каде ја има улогата на дебитант. Македонскиот вицепрвак го чека нова пресметка против Силкеборг, овој пат на гостински терен.
Избраниците на Кирил Лазаров добро тргнаа на дуелот во Скопје имаа и водство, но правеа грешки кои не се дозволиви против еден состав како што е Силкеборг. На крајот во статистиката имаа и пет промачени пенали.
Еден од најдобрите на првата средба во Скопје, Благојче Трајкоски потенцира дека мора да се поправат грешките и веќе во вторник да одиграат на многу подобро ниво.
„На дуелот со Силкеборг ја почувствувавме силата на данскиот ракомет. Треба да ги поправиме нашите грешки и да го дадеме максимумот“, ја најави втората средба искусниот голман Благојче Трајкоски, кој запиша 11 одбрани на првата средба.
Алкалоид во Европската лига има реми и два порази. Првите бодови ги освои против Ла Риоха на гостински терен.