Иако коронавирусот веќе одамна заврши, сепак раководството на јадранското натпреварување одлучи мечевите да се играат турнирски, што пак АБА2-лига ја прават крајно неатрактивна, барем кога станува збор за навивачите кои доаѓаат да ги гледаат овие средби од лице место.
Од натпревар во натпревар бројката на трибините е навистина поразителна. Најголемата посетеност изнесува 100 навивачи, но и ова е реткост. Ги земавме средбите на македонските тимови, на „Златибор“ засега „најмногу“ беше посетен дуелот на МЗТ Скопје со Сутјеска и Пелистер со Војводина. Во статиската стојат вкупно 50 навивачи. Дел од нив веруваме дека се тимовите кои играле или кои требало да играат против нив. На останатите мечеви бројката се движи од 20 до 30, сигурно организаторот ги броел и оние членови на клубовите кои немаат право да седат на клупите.
Колку АБА2-лига бележи поразителни бројки говори фактот дека мечевите од Првата женска македонска кошаркарска лига има повеќе навивачи. За пример го земавме мечот меѓу Крива Паланка и Бадел 1862 во записникот стојат 250.
Оттука се прашуваме за кого се игра ова натпреварување. Добро е познато дека во спортот главна улога имаат токму фановите, без нив ништо нема да има смисла. АБА2-лига станува се понепопуларна, мора да се најде начин да се промени сето ова, она што го гледаме на ТВ повеќе лични на пријателска средба, недостига препознатливото навивање на фановите.