Фудбалер добива смртни закани – Беше израелски капитен, сега ги брани боите на Палестина

2142

Фудбалерот Ата Жабер овие денови е под голем притисок и се плаши за својот живот. Причината е одлуката да игра за фудбалската репрезентација на Палестина во екот на војната на Блискиот исток, посебно ако се знае дека претходно беше капитен на младата репрезентација на Израел.

Жабер има израелско државјанство и играше за младата репрезентација. Одигра осум натпревари, а беше и капитен, меѓутоа оваа година одлучи да игра за Палестина, што е во склад со правилата на ФИФА. Одигра два меча.

Поради овој потег бројни познати личности во Израел, меѓу нив и поранешниот негов клуб Ашдод (Израел) го кренаа револтот и побараа на Жабер да му се поништи државјанството затоа што е издајник. Жабер настапуваше за Ашдод од 2021 до 2022 година, а сега е во Нефчи (Азербејџан).

Со настапот за репрезентацијата на Палестина, посебно во време кога граѓаните на Израел се во сред борба, неговиот гест по дефиниција значи – предавство. Секој кој сака да ја преставува Палестина мора да биде палестински државјанин и тоа е тоа. Жабер не заслужува да биде граѓанин на Израел! Поради тоа го замолуваме Министерството за внатрешни работи да му го одземе државјанството“, порачаа од Ашдод.

Глас крена и Џонатан Коен, актуелниот фудбалер на Макаби од Тел Авив кој се срами што некогаш играл со Жабер во У21 репрезентацијата.

Ја делевме соблекувалната повеќе од една година и добро се сложувавме, а сега дознавам дека би бил среќен ако јас и моите колеги умреме“, изјави Коен.

Жабер во неодамнешно интервју зборуваше за одлуката да заигра за Палестина.

Израснав во област во која често имаше пресметки меѓу Евреи и Арапи. Сфатив дека е невозможно да се оддели политиката и спортот. Одлучив да ја претставувам Палестина од многу причини. Прво бидејќи јас сум Палестинец, второ затоа што имам способност и трето да им дадам порака на играчите во ‘зелената линија’ дека овој избор им е достапен“, рече Жабер.

Жабер не е единствен фудбалер кој играл во израелски тимови како и младински репрезентативец на Израел кој потоа сменил да заигра за Палестина. Но Жабер посебно е на удар затоа што бил капитен.

ПретходноМарсело: Роналдо ме викна во Ал Наср, но ги одбрав своите корени
СледноРамос одби да потпише дрес на Реал Мадрид (видео)