Јунајтед ја одреди цената за Санчо, само еден тим може да ја плати!

3086

Џејдон Санчо нема уште долго време да биде во тимот на Манчестер Јунајтед. Поради проблеми со Ерик Тен Хаг, тој е отпишан од плановите на холандскиот стратег.

Откако не се извини, сега чека да направи нов трансфер. Откако за неговите услуги беа заинтересирани Јувентус, Борусија Дортмунд и Ал Хилал, раководството од „Олд Трафорд“ одлучи да ја одреди цената за него.

Според тамошните медиуми, тимот кој ќе сака да го земе треба да одвои 80 милиони евра. Манчестер Јунајтед ќе биде во минус пет милиони евра, бидејќи го зема за 85 милиони евра.

Оваа сума во овој момент можат да ја платат само клубовите од С.Арабија. Еднаш се обидоа да го донесат, но не без успех. Нема сомнение дека повторно ќе обидат. Ал Хилал остана без Нејмар, па Санчо ќе биде повеќе од одлична замена.

Парите не се проблем, прашањето кое се поставува е дали 24-годишниот фудбалер сака да направи ваков чекор во својата кариера.

ПретходноКачевски означи почеток на мечот, а потоа се случи ова…! (ВИДЕО)
СледноРаботнички не знаеше за доста со Охрид!