Александар Јончевски и Кожув се разделија!

210

Кожув на гостувањето кај Академија ФМП беше совладан со убедливи 93-83, резултат кој беше доволен за да актуелниот македонски селектор, Александар Јончевски си поднесе оставка од тренерската функција во таборот на гевгелискиот тим.

Под водство на Јончевски, Кожув не ја започна оваа сезона според очекувањата. Тимот се наоѓа на десетото место на табелата со скор од две победи и шест порази.

Официјалната потврда за разделбата на Јончевски треба да биде потврдена најдоцна до понеделник.

Македонскиот селектор во два наврати го водеше Кожув и тоа во период од 2018 до 2021 година.

ПретходноГазење: Мбапе и другарите на полувреме водат со 7:0 против Гибралтар! (ВИДЕО)
СледноГрилиш со потег кој покажува колку е голем како човек! (ВИДЕО)