Вардар –Гостивар 75:90 е епилогот од овој натпревар кој се одигра вечерва во рамките на 8.коло во нашата кошаркарска елитна лига.Гостите во првите две четвртини беа далеку подобри и успеаја да ги добијат во своја корист. Во третата Вардар врати со 27:20, но тоа беше недоволно,зошто на крајот разликата во корист со +15 разлика.Митевски со 17 поени од Гостиват беше најефикасен на овој меч, исто толку постигна и Митков од редовите на Вардар.
ФМП со 93:83 дојде до првиот триумф сезонава. Уште на стартот наметнаа свој стил на игра, ја добија првата четвртина со 25:20. Како што одминуваше времето тие играа навистина добро,и кога беше се решено,гостите од Гевгелија ја добија последната четвртина со 15:20.
На овој меч најефикасен беше Огундиран со 26 поени кај ФМП, додека кај гостите Криснан постигна 25 поени.