НБА излезе со листа: Јокиќ и Дончиќ се први фаворити за МВП на сезоната!

124

НБА лигата ги претстави рејтинзите на играчите во трката за наградата МВП за тековната сезона по поминати еден месец од почетокот на лигата. Вво текот на 4-та недела од регуларната сезона, прв на листата на фаворити за признанието „Најкорисен кошаркар“ е српскиот центар Никола Јокиќ.

Интересно, за разлика од првичното рангирање пред една недела, сега на второто место на листата се наоѓа Лука Дончиќ, додека минатогодишниот носител на признанието, Жоел Ембиид се најде на третата позиција.

Трка за МВП на НБА во 2024 година изгледа вака:

  1. Никола Јокиќ ( Денвер ; минатата недела – 1)
  2. Лука Дончиќ (Далас; 3)
  3. Жоел Ембиид (Филаделфија; 2)
  4. Џејсон Тејтум ( Бостон ; 4)
  5. Шеј Гилџиус-Александер (Оклахома; 5)
  6. Ентони Едвардс ( Минесота ; 7)
  7. Тајрис Халибартон (Индијана; 9)
  8. Тајрис Макси (Филаделфија; -)
  9. Бам Адебајо (Мајами; -)
  10. Домантас Сабонис (Сакраменто; -)
ПретходноГрешките се фатални, поразите катастрофални!
СледноРашфорд се повреди во бизарен дуел со Арнолд, ќе го пропушти мечот со Македонија