Доста интерсен натпревар се одигра во Автокоманда. Победникот меѓу Мулти Есенс и Пролет беше решен во последната секунда. По голот на Илиевски за 31-31, Арсеновски со звукот на сирената ги постави крајните 31-32. Ова беше деби меч за Александар Јовиќ на клупата на Пролет каде дојде од Пелистер.
Младиот состав на Мулти Есенс одигра одличен натпревар против далеку поискусниот противник. Домашните ракометари имаа предност по првото полувреме од 17-16, а речиси целиот меч беше изедначен.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, Арсеновски постигна гол на празна мрежа на 31-32. На 40 секунди до крајот при 30-30, Палески реализираше од седум метри за 30-31, на другата страна Илиевски изедначи на 31-31, но Арсеновски донесе радост во редовите на Пролет, кој веќе ита кон плеј-офот.
Токму Арсеновски со осум гола беше прв стрелец, зад него беше Мајнов со шест. На другата страна Димовски постигна седум погодоци, еден помалку имаа Јорданов и Димевски.
Претходно во групата А, Струга на гостински терен славеше против Скопје со убедливи 29-38 и направи важен чекор кон плеј-фот. Младеновски со 10 гола беше лидер кај победникот каде Бошњак запиша девет погодоци.