Благоја Милевски: „Мојот договор истекува тогаш кога истекува“!

1713

На пресот по повод утрешниот меч во квалификациите меѓу Македонија и Англија, на селекторот Благоја Милевски му беше поставено и прашањето околу тоа дали и натаму ќе остане селектор.

Треба да се каже дека тој цело време зборува како тој прави тим за во иднина, а негивиот договор со ФФМ му истекува утре по мечот со Англија:

“Мојот договор истекува тогаш когаа истекува. Јас професионално работам до крај. Дали ќе останам тоа зависи од некој друг, и тоа прашање ќе треба да се постави на друга адреса“ посочи Милевски.

ПретходноМилевски: Момците го даваат повеќе од максимумот!
СледноФФМ со апел: Сите билети се продадени, дојдете порано на Арената, вратите се затвараат 30 минути пред почетокот на мечот!