Ивановски ја мина првата пречка во квалификациите на Челинџерот во Јокохама

89

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со победа ги стартуваше квалификациите на Челинџер 75 турнирот што се игра во јапонскиот град Јокохама. Тој во првото квалификациско коло го совлада домашниот тенисер Шинџи Хазава (24 год., 583 АТП ранг) со 2-1 во сетови (3-6, 7-5, 6-4) за 2 часа и 12 минути игра. Во следното коло противник ќе му биде Јан Баи од Кина.

Првиот сет му припадна на Хазава, кој веќе во првиот гем направи брејк за водство од 1:0. Во шестиот гем Ивановски успеа да изедначи на 3:3, но до крајот на првиот сет македонскиот тенисер не освои ниту еден гем бидејќи противникот имаше уште два брејка во овој сет, притоа искористувајќи ја третата сет топка. Во вториот сет имаше само еден брејк и го направи Ивановски на почетокот на сетот. Во гемот беа одиграни 12 поена и македонскиот тенисер успеа да го добие и да поведе со 1:0 што се покажа како решавачко. Во третиот сет првиот брејк беше во третиот гем за водство на Ивановски од 2:1, но Хазава изедначи по брејкот во шестиот гем на 3:3. Во клучните моменти во финишот на сетот Ивановски имаше повеќе концентрација и успеа да направи брејк во 11.гем и поведе со 6:5, а во следниот гем ја искористи првата меч топка за 7:5 и пласман во финалето на квалификациите на Челинџерот во Јокохама.

Двајцата тенисери во мечот имаа по четири брејка, со тоа што Ивановски имаше по еден во првиот и во вториот сет, а два во третиот сет што се покажа клучно за победата.

ПретходноМбапе одбил огромен бонус од ПСЖ
СледноЃоковиќ: Сега имам дополнителен мотив против Синер