Работнички 71&22 славеше над Шкендија, без проблеми за Струмица и Лирија

184

Пет максимални победи извојувани во рамките на 6. коло од домашното одбојкарско првенство. Без посебни возбудувања, фаворитите дојдоа до бодови со кои успеваат да се приближат до учество во завршницата на Втората фаза од шампионатот, меѓу шесте најдобри.

Шампионот лесно го мина Борец во Велес, Работнички одигра одличен меч и со максимални 3:0 го порази Универзитет во Тетово, а одличен настап имаа и одбојкарите на Весна Пробиштип кои ја совладаа Шкендија.

Последниот меч од колото е утре во Штип, каде гостува Вардар.

Прва лига (мажи) – 6. коло

ГОК Борец – Струмица 47&72                        0:3 (10:25, 19:25, 8:25)

Работнички 71&22 – Универзитет во Тетово  3:0 (25:16, 25:21, 25:18)

Лирија – Сушево                                           3:0 (25:13, 25:22, 25:14)

Македонија Џио – Јанта волеј                       0:3 (9:25, 12:25, 19:25)

Весна Пробиштип – Шкендија                       3:0 (25:21, 25:19, 25:19)

Штип УГД – Вардар                                       (понеделник, 17.00)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (18); 2. Лирија (14); 3. Универзитет во Тетово (12); 4. Штип УДГ (12); 5. Работнички 71&22 (12); 6. Шкендија (9); 7. Весна Пробиштип (9); 8. Борец (6); 9. Јанта Волеј (6); 10. Сушево (4); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).

 

ПретходноСрбија се пласира на ЕП, ама јавноста и медиумите се гневни! (ФОТО)
СледноЃорче Петров вторпат го „демолираа“ Еупен за осминафинале во Европскиот куп! (ФОТО)