Стотина навивачи ги пречекаа англиските фудбалски репрезентативци по пристигнувањето во Скопје пред хотелот „Мериот“. Под силно обезбедување, Англичаните се сместија во центарот на градот, пред вечерашната прес-конференција која е најавена за 20 часот.
Капитенот Хари Кејт како вистински лидер на тимот застана и да направи неколку фотографии со навивачите, за разлика од Сака и Мегваер кои не ги испочитуваа фановите кои беа дојдени за да ги видат во живо.