Новак Ѓоковиќ ја забележа третата победа над Карлос Алкараз и го испрати Шпанецот дома по вчерашната убедлива и лесна победа во полуфиналето на завршниот Мастерс во Торино.
Вториот светски рекет имаше само пофални зборови за најдорбиот светски рекет.
“Тој е одличен, игра на толку високо ниво во текот на целиот натпревар, квалитетот на ударите е неверојатен, испраќа длабоки удари, тешко е да се искористи предноста. Тој уште еднаш покажа зошто е најдобар на светот”, изјави Шпанецот. .
На Алакараз се уште не му е јасно што уште треба да направи за да добие вакви натпревари со Новак.
„Тешко ми е да зборувам за тоа, тешко ми е да разберам дури и по натпреварот, не сум на негово ниво на теренот. Одиграв одлични натпревари на Вимблдон, во Синсинати, на Роланд Гарос и тогаш кога излеговме на теренот почувствував дека треба да вежбам повеќе и да бидам подобар играч. Тој е поискусен, играше на овој турнир многу пати, тој е неверојатен. Не е до сервисот, тој е одличен повратник, тој е неверојатен“, додаде Шпанецот.