Ете тоа е голем клуб кој знае да си ги почитува своите фудбалери. Тука мислиме на Ливерпул,клуб кој му спрема прекрасен божиќен подарок на Луис Диаз. Имено договорено е клубот да плати специјален чартер авион кој би ги донел родителите на фудбалерот од Колумбија во Ливерпул, познато е што се случуваше кога беа киднапирани неговата мајка и неговиот татко, но и неговите блиски пријатели како и роднини. Сите тие тие ќе бидат гости за време на Божиќ на самиот Луис.
Со ова “редси“ сакаат да му овозможат на својот фудбалер, по сите шокови кои ги претрпе во последно време, да има убави празници.
Браво за Ливерпул, секоја чест.