ЕХФ: Ако планирате да дојдете на ЕП 2024 пробајте си ја среќата со „Black Friday Week“

254
Фото: ЕХФ

ЕХФ на својата официјална страница излезе со важна информација за сите кои планираат да бидат дел од Европското првенство 2024 година кое во јануари ќе се одржи во повеќе градови во Германија.

Бидејќи доаѓа „Black Friday Week“, од Европската „куќа на ракометот“ одлучија да им дадат шанси на љубителите на ракометот да купат билети со 20% попуст.

Од понеделник, 20 ноември, 00:01 часот до понеделник 27 ноември, 23:59 часот, ќе бидат достапни со попуст дел од картите за избрани натпревари во различни ценовни категории.

Ќе се купат најмногу 200 билети за секој од тие натпревари, повеќе од 2.000 билети вкупно, така што навивачите ќе мора брзо да дејствуваат за да ги добијат.

Нормално ќе има ограничувања, билети со попуст ќе бидат достапни на следните места за следните датуми. За Македонците е интересен Берлин, но за жал датумите кои можат да се одберат не се однесуваат за деновите кога игра нашата репрезентација. Македонија во Берлин игра на 14 и 16 јануари.

Берлин: 11 + 15 јануари
Манхајм: 11 + 15 + 16 јануари
Минхен: 11 + 15 + 16 јануари
Хамбург: 17 +23 јануари
Келн: 24 јануари

Билетите се достапни во продавницата за билети на ЕХФ на tickets.eurohandball.com и на heretoplay.com.

За да резервираат билети со попуст, навивачите треба да го следат вообичаениот процес на резервација. Доколку се достапни билети со попуст за избраното место и ден на натпреварот, тие ќе видат група со попусти наречена „Black Deals 23 EHF“ на која мора да кликнат за да ја добијат пониската цена.

 

ПретходноЃоковиќ: Сега имам дополнителен мотив против Синер
СледноАлкараз му се поклони на „кралот“: Новак покажа зошто е најдобар на светот!