Подготовките на Лос Анџелес Лејкерс за натпреварот во Портланд во петокот биле прекинати поради пукање во близина на салата. Леброн и неговите соиграчи само што почнале со тренингот веднаш биле евакуирани, откако одекнале истрелите.
Според безбедносниот протокол, тимот ги прекинал стандардните активности и бил спроведен во „безбедна зона“.
Полицијата соопшти дека до пукањето дошло како последица на конфликт меѓу маж и жена во пренослив тоалет до шалтерот за билети пред салата. Според полицијата, мажот испукал еден куршум и се заклучил во тоалетот, а набрзо бил приведен, додека жената побегнала без повреди.