Лука Дончиќ не сака премногу да се издвојува од „обичните“ луѓе. Иако е голема НБА ѕвезда, во јавноста е сосема обичен тип кој сака да ужива во вообичаените активности.
Но, тоа чесо не може да го прави поради многубројните фанови, за кои речиси секогаш има трпение. Словенецот секогаш ги исполнува нивните желби дали станува збор за фотографија или автограм. Доказ за тоа се сцените пред натпреварот со Бакс.
Огромен број навивачи се собраа пред хотелот во кој беа сместени кошаркарите на Далас Маверикс. Сите застанаа во ред, а потоа се појави Дончиќ.
На Лука не му пречеше, трпеливо одеше од човек на човек и потпишуваше автограми во прилично долга линија.
„Шест години во лигата и тој сè уште го прави ова. Најдолга серија во една сезона“, напиша репортерот Бред Таунсенд.
What a sport. Six years in and still doing this. Biggest pregame crowd of the season. pic.twitter.com/ZoUxVQq2tz
— Brad Townsend (@townbrad) November 18, 2023