Макс го покори и Лас Вегас!

124

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на трката во Лас Вегас, која е препоследна во годинашната сезона во Формула 1. Светскиот првак победува и кога не блеска, кога прави грешки како утринава по европско време во спектаклот во „градот на коцката“.

Image

Втор заврши Шарл Леклер, кој во самиот финиш го мина Серхио  Перез.

Image

Ова беше 18-та победа сезонава во Ф1 и 20-тиот триумф за Ред Бул во календарот за 2023 година.

Интересна трка, во различно време сите тројца беа водечки, но сепак класата на Верстапен си го кажа своето.

Окон заврши како четврти, следуваат Строл, Саинц, Хамилтон, Расел…

ПретходноЈанис со 40 поени за триумф над Дончиќ, Вембањама “дели“ блокади, но Сан Антонио губи! (ВИДЕО)
СледноАнглија во Скопје без тренинг, ќе се „тегнат “ во салата Јане Сандански