Мбапе „ладно“ ги корегира новинарите и ги насмеа сите (ВИДЕО)

387

Во рамките на 9. коло од квалификациите за Европското првенство во Германија 2024 година, Франција синоќа го декласира Гибралтар со резултат 14:0.

По натпреварот Килијан Мбапе даде изјава во микс зоната. Досетливо поправајќи го новинарот и успеа да насмее многумина.

Имено, новинарот истакна дека Франција имала девет различни стрелци, со што ѕвездата на ПСЖ не се согласува.

„Десет. Десет, сметајќи го играчот на Гибралтар“, одговори кул Килијан Мбапе.

За француската репрезентација ова беше најголемата победа во историјата. Пред ова, рекордот беше победа од 10-0 против Азербејџан во 1995 година, исто така во квалификациите за Европското првенство.

ПретходноЛејкерси биле евакуирани по жестока расправија и испукан куршум на еден пар во тоалет
СледноДе Хеа прави изненадувачки трансфер, надвор од Европа