Италијанскиот тенисер Јаник Синер ги сумираше впечатоците по поразот во финалето на завршниот Мастерс во Торино.
„Му честитам на Новак за сите турнири и гренд слем трофеи. Тој е инспирација за нас, помладата генерација. Јас му честитам на тимот на Новак, за се најдобро што тие прават за него. Благодарам и за мојот тим, многу. Се надевам дека во наредните години ќе бидам подобар и дека ќе можам да продолжам да се натпреварувам со најдобрите тенисери во светот“, изјавил Синер.