Новак Ѓоковиќ против Јаник Синер, денеска во 18 часот се игра финалето на завршниот мастерс турнир во Торино. Се разбира дека се очекува спектакуларен тенис, ако се знае што покажа Италијанецот досега во Торино, и ако се знае на каков начин Новак вчера го елиминираше Карлос Алкараз.
Србинот ја сака седмата титула која ќе биде рекордна, шест има и Роџер Федерер.
Италија очекува Синер да го заврши турнирот без пораз и ако тоа се случи тогаш тој ќе ја добие најголемата парична награда во историјата на тенисот и тоа од 4.8 милиони долари.
Навистина неверојатно. Додека ако победи Новак ќе заработи 4.4 милиони долари поради едниот пораз на турнирот, и тоа од Синер.
Време е за мега –пресметка, време е за дуел Новак-Јаник.