Голманот на нашиот национален тим Столе Димитриевски беше во тандем на селекторот Милевски на пресот пред преметката со Анлија.
„Натпреварот на „Олд Трафпорд“ беше многу тежок за нас, тој резултат според оној квалитет што го имаме не е реален, но во фудбалот се случуваат вакви порази. Утре ќе имаме шанса дома да докажеме дека ние сме подобри и поквалитетни. Сакам да бидеме во право светло и да одиграме она што навистина го знаеме а тоа е да бидеме конкурентни и против силни селекции како што е Англија„, напомена нашиот чувар на мрежата за оној висок пораз од 7:0 во Манчестер.
За добрата форма во Шпанија, за подвигот со Реал Мадрид!?
„Ја се чувствувам доста добро, сум во добар ритам на натпревари. Оној клубски дуел со Реал Мадрид беше одличен но тоа е клубска обврска а сега ова е репрезентативна. Да се сочува мрежата на дуел како овој со Англија е тимска работа, на целио тим, на целата одбрана…“.
Очекувањата на нашиот голман за утрешниот меч!:
„Јас очекувам да се покажеме во право светло со Англија. Да одиграме еден одличен натпревар за нашата публика, и да покажеме на домашен терен дека сме многу подобри во играта. Двете селекции нема за што да се борат, ова нека биде еден фудбалски спектакл. Пред 3 дена игравме тежок дуел, да го извлечеме максимумот“.
На последните средби примивме многу голови а Димитриевски е во топ форма!? „Лошо се чувствувам! Тоа е фактор за многуте примени голови. Ние сме репрезентација која има многу нои играчи. Точно е дека треба време да се запознаеме, вклопиме… Треба да работиме многу подобро, цел тим… Не само ја како голман туки сите вио тимот а имаме феноменални играчи на кои им треба време. Многу голови примаме од моменти за кои сме самите ние виновни. Процесот ќе помине, ќе се спремиме и мислиме на следните 4 тест средби во кои треба а ги поправиме сите грешки за да одиме на прво место во Лигата на Нации“.