Струмица славеше над Наковски В. и го презеде врвот на табелата

121

Во големото струмичко дерби во рамките на 7. коло од домашното одбојкарско првенство во женска конкуренција, екипата на Струмица славеше на гости против лидерот Наковски Волеј со 3:1 и успеа да го преземе врвот на табелата. Струмица обезбеди победа од 3:1 во меч во кој домашните одбојкарки одлично парираа, но гостинките имаа повеќе нерви во завршницата на сетовите и умешно го приведоа мечот до победа.

Шампионот Работнички и вицепрвакот Јанта Волеј прокнижија нови три бода на средбите со Вардар 2019 и Младост УДГ. Интересно и во пет сета се играше во Скопје, каде Фит Фан Волеј славеше со 3:2 над Вардар ЕМ.

Прва лига (жени) – 7. коло

Наковски волеј – Струмица жени                   1:3 (22:25, 21:25, 25:21, 17:25)

Работнички Скопје – Вардар 2019                  3:0 (25:11, 25:20, 25:22)

Фит фан волеј – Вардар ЕМ                          3:2 (25:22, 25:19, 23:25, 22:25, 17:15)

Младост УГД – Јанта волеј                            1:3 (25:19, 17:25, 21:25, 16:25)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (20); 2. Наковски В. (18); 3. Јанта Волеј (14); 4. Работнички (13); 5. Младост УДГ (8); 6. Фит Фан Волеј (7); 7. Вардар ЕМ (4); 8. Вардар 2019 (0).

ПретходноСтотина навивачи ги пречекаа Англичаните: Кејн капитенски застана да се фотографира (ФОТО+ВИДЕО)
СледноМОТО ГП: Ди Џанантони победник на Катарското ГП, Бањаја се поблиску до титулата