Англиската репрезентација во Скопје ќе допатува без Киран Трипие, кој го напушти националниот тим поради „лични причини“, објави Њукасл Јунајтед.
Фдубалерот на Англија сепак не е повреден и се очекува да биде подготвен за настап против Челзи следната недела.
Англија утрово тренираше, додека во нашиот главен град се очекува да пристигна во 18:30 часот од Бирмингем.
Мечот меѓу Македонија и Англика е последен од квалификациите за ЕП 2024 година, истиот се игра утре со почеток во 20:45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“.