Трипие поради „лични причини“ не допатува со Англија во Скопје

186

Дефанзивецот на Њукасл Јунајтед, Киеран Трипие не допатува со репрезентацијата на Англија во Скопје, која утре против Македонија го игра последниот меч од квалификациите за ЕП 2024.

Од таборот на англиската селекција соопштија дека 33-годишниот дефанзивец ќе го пропушти последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 поради „лични работи“.

Њукасл потврди дека Трипие „се вратил дома“ откако го напуштил тимот на англискиот селектор Герет Саутгејт.

ПретходноМуамед Сејдини: Пред 50 дена ФФМ превзема обврска целосно да го уреди теренот на Арената – ова е резултатот! (ВИДЕО)
СледноСтотина навивачи ги пречекаа Англичаните: Кејн капитенски застана да се фотографира (ФОТО+ВИДЕО)