ТФТ со пораз се одјави од Златибор

72

ТФТ и Хелиос одиграа неизвесен натпревар, победникот беше решен во самиот финиш. За жал Боро Смилковски и неговите момци од Златибор се одјавија со пораз, беа совладани со 63-7 0иако имаа отворен пат кон победата, паднаа во последните пет минути.

Симонс со 21 поен беше прв стрелец, зад него беше Ташовски со 12.

По завршување на вториот турнир, ТФТ има скор од една победа и четири порази.

Македонскиот претставник по првата четвртина имаше негатива од три коша, но потоа во следниот период заигра на високо ниво, беше подобар со десет поени разлика (23-13), што пак на одморот му донесе позитива од 40-33.

Третата четвртина му припадна на Хелиос, врати на иста начин како ТФТ, кој во овој период постигна скромни десет поени. Последната четвртина започна изедначено, со што Хелиос успеа да врзе неколку поени (7-0) во низа и да ги казни грешките на ТФТ за 58-65 на нешто повеќе од две минути до крајот.

Симонс со тројка успеа да стави крај на агонијата за 61-65, на другата страна Хелиос одговори со две слободни фрлања за 61-67. Ова не беше доволен мотив, па на крајот ТФТ остана да се помири со поразот,

ПретходноАлкалоид отпатува за Данска, во вторник му гостува на Силкеборг! (ФОТО)
СледноАнгличаните летнаа за Скопје!(ФОТО)