Кошаркарите на Феникс 2010 ја запишаа четвртата сезонска победа, откако во тежок и неизвесен натпревар вечерва славеа на домашен терен против екипата на Еуро Никел со 87:82.
Домашниот тим имаше контрола на играта и резултатот во првиот дел од мечот, додека гостите одлично го започнаа вториот дел во кој успеаја да ја анулираат предностана Феникс и да дојдат до предност која можеше да им донесе победа и во Скопје.
Сепак, упорните домашни кошаркари во последните 10 минути одиграа најдобра кошарка, направија предност од четири поени со која влегоа во последните 30 секунди од мечот, што на крајот беше и клучно за триумфот.
Џонс со 21 поен беше носител на играта кај Феникс, а одличен меч имаа и Метјус и Трајковски кои постигнаа по 17. Кај екипата на Еуро Никел со 19 поени најдобар на теренот беше Соколов.