ФФМ со апел: Сите билети се продадени, дојдете порано на Арената, вратите се затвараат 30 минути пред почетокот на мечот!

1560

Нема сомневање дека утре вечер во Скопје ќе има спектакл, фудбалски спектакл меѓу Македонија и Англија. Јасно е дека Арената “Тодор Проески“ ќе биде преполна, сите билети се продадени и секако дека атмосферата ќе биде величенствена.

Со цел да нема гужви, со цел сите кои имаат билет да можат навреме да си бидат на своите места, од страна на Фудбалската федерација на Македонија се упати апел:

“Сите билети се продадени, ве молиме да дојдете поранона Арената “Тодор Проески“ во Скопје, вратите се затвараат 30 минути пред почетокот на средбата“ се вели во апелот.

Инаку да потсетиме дека почетокот од натпреварот меѓу Македонија и Англија е закажан за 20:45 часот.

ПретходноБлагоја Милевски: „Мојот договор истекува тогаш кога истекува“!
СледноСедлоски со Работнички тргна со победа, Гостивар убедлив во Виница!