Новак Ѓоковиќ на триумфален начин заврши уште една тениска сезона. Српскиот тенисер вечерва во Торино го совлада Јаник Синер со 2:0 по сетови 6:3 и 6:3, со што забележа рекорден, седми триумф на завршниот АТП Мастерс.
Досега рекордот го делеше со Роџер Федерер, кој во кариерата шестпати победуваше во финалето, но сега српскиот тенисер е и најдобар на сите времиња!