Јанис со 40 поени за триумф над Дончиќ, Вембањама “дели“ блокади, но Сан Антонио губи! (ВИДЕО)

128

Во дуелот на европските супер-старови во НБА Јанис Адетокунбо – Лука Дончиќ, до победата дојде Гркот и тоа со неверојатни 40 уфрлени поени за 132-125 меѓу Милвоки и Далас. Тука беа и Лилард и Ирвинг, фестивал на НБА кошарка, спектакл, но на победата и се израдуваа “Бакси“. Лука заврши со 35 поени, девет скокови и девет асистенции.

Њујорк го победи Шарлот со 122:108, Минесота триумфираше со 121:120 над Њу Орлеанс. Чикаго славеше со Мајами со 102:97.

Интересно, Голден Стејт во по продолженијата беше поразен од Оклахома со 130:122.

Виктор Вембањама во дресот на Сан Антонио имаше свое шоу во одбраната против Мемфис. Високиот 224 см Французин имаше 13 скокови и неверојатни 8 блокади, но и тоа не беше доволно за победа над Мемфис, на крајот беше 108:120.

ПретходноБраво за Ливерпул: “Редси“ на Диаз му спремаат прекрасен божиќен подарок!
СледноМакс го покори и Лас Вегас!