Ракометарите на Бутел попладнево во меч од 11.коло во ракометната Суперлига, во групата –Б, успеа со 24:28 како гостин да слави кај Голден Арт. Со оваа победа тимот на Бутел обезбеди пласман во плеј – офот.
Бутел го “скрши“ отпорот на домашниот состав во првата фаза од второто полувреме кога направи серија од 5 голови и со тоа дојде до резултат 17:11, и тоа беше тоа што го одлучи победникот на овој меч.
Потоа се беше рутина за ракометарите на Бутел.
Инаку најефикасен кај победничкиот тим беше Николов со 9 голови, додека кај Голден Арт, Милошески постигна седум а Шилегов шест голови.