Мотоциклистот на тимот на Гресини, Фабио Ди Џанантонио е победник на претпоследната трка од сезоната во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Катар.
Второто место го освои возачот на Дукати, Франческо Бањаја со 2.734 секунди заостанување зад Ди Џанантонио, додека како трет целта ја мина возачот на тимот VR46, Лука Марини.
Бранителот на титулата Пеко Бањаја е прв во генералниот поредок со 21 поен пред второпласираниот Хорхе Мартин кој денеска заврши десетти.
Последната трка од шампионатот ќе се вози во Валенсија на 26 ноември. Ден претходно е трка во спринт.