Ѓоковиќ го „преслуша“ Синер за рекордна седма титула на завршниот АТП Мастерс

656

Новак Ѓоковиќ на триумфален начин заврши уште една тениска сезона. Српскиот тенисер вечерва во Торино го совлада Јаник Синер со 2:0 по сетови 6:3 и 6:3, со што забележа рекорден, седми триумф на завршниот АТП Мастерс.

Досега рекордот го делеше со Роџер Федерер, кој во кариерата шестпати победуваше во финалето, но сега српскиот тенисер е и најдобар на сите времиња!

ПретходноАБА 2: Ужасна последна четвртина и нов пораз за Пелистер
СледноСаутгејт со порака од Скопје: „Домаќинот е ранет…“!