Барди: Дај Боже да продолжиме со Милевски, покажавме дека можеме против секого

906

Капитенот Енис Барди е задоволен од резултатот, а по мечот посочи како треба да се игра за националниот тим и исто така додаде дека дуелот со Англија е знак дека во иднина може подобро и против секого.

Цело време зборуваме како треба да се игра за репрезентација, како треба да се излезе на терен и на крај освоивме бод што не радува сите нас и е голем резултат за оваа мала Македонија. Мислам дека ова реми е заслужено и ова е знак за во иднина дека можеме против секого“, изјави Барди.

За периодот поминат со Милевски и за иднината:

Направивме многу добри работи со Милевски и со У21 репрезентацијата и сега со сениорскиот тим. Дај Боже да продолжиме да работиме со него. Го почитувам многу“.

За пеналот:

Кога ќе тргнам и застанам, а голманот не мрда таму изгубив малку време, па не гаѓав погоре. Среќа што ми се врати топката и погодив.“

Каде го најдовте мотивот да се кренете по Италија:

Оваа година паднавме психички. Клучот беше против Украина кога загубивме дома и тоа моралот ни го сруши. Отидовме во Англија и видовме што таму се случи. Но овој натпревар покажа дека имаме добра иднина, ни даде насока, веќе имаме слика кој каде треба да се движи и што да прави за оваа репрезентација. Во оваа репрезентација има добри играчи и добри луѓе.

Дај Боже на секој меч да има волку многу публика и да уживаме во фудбалот“.

ПретходноСаутгејт: Тврд терен и лош за завршен пас!
СледноМилевски: Браво за момците, треба да сме горди на нив!