Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски успешно ги мина квалификациите на Челинџер турнирот во Јокохама во Јапонја и успеа да се пласира на главниот турнир.
Рано утринава, тој го доби дуелот со кинескиот тенисер Јан Баи (396. АТП) откако противникот го предаде мечот по завршувањето на вториот сет. Првиот сет кинескиот тенисер го доби со 6:4, по што во вториот Ивановски возврати со 7:5 за израмнување на 1:1.
Потоа следуваше откажувањето на Баи, по што Ивановски го доби мечот и обезбеди пласман на главниот турнир.