Италија, Словенија и Чешка извадија билети за ЕП

227

 

Уште две репрезентации се пласираа на Европското првенство кое идната година ќе се одржи во Германија. Од нашата група Ц, Италија одигра без голови против Украина во Леверкузен и тој бод беше доволен за „Аѕурите“ да го сочуваат второто место поради подобрата гол-разлика во однос на Украина (и двете репрезентации завршија со по 14 бодови).

На Чесите им требаше барем бод против Молдавија за да го извадат билетот за ЕП, а тие со стил влегоа на турнирот со победа од 3:0.
И Словенија се враќа на големата сцена. Словенечките фудбалер по 23 години ќе играат на ЕП, а тоа го изборија вечерва со победата над директниот конкурент Казахстан со 2:1.

РЕЗУЛТАТИ
АЛБАНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ               0:0
ЧЕШКА – МОЛДАВИЈА   3:0
САН МАРИНО – ФИНСКА            1:2
МАКЕДОНИЈА – АНГЛИЈА            1:1
СЕВЕРНА ИРСКА – ДАНСКА         2:0
СЛОВЕНИЈА – КАЗАХСТАН           2:1
УКРАИНА – ИТАЛИЈА     0:0

ПретходноХрабро срце, голем бод и СТОП за моќната Англија!
СледноМуслиу кон Грилиш: Па, што сакаш ти бе!?