Од денеска и официјално, Филип Кузмановски се врати во својот Пелистер. Попладнево нашиот шампион го промовираше своето ново име во тимот и потврди дека репрезентативниот бек ќе биде во составот на Е. Пелистер на мечот со ПИК Сегед кој се игра в среда во Битола.
Инаку Кузмановски го доби дресот со бр.18 од страна на тренерот Бранислав Ангеловски и притоа истакна дека презадоволен и среќен што може пак да игра за својот матичен клуб!