Лукаку е нов рекордер во квалификациите

126

Белгискиот национален тим го совлада Азербејџан со 5:0 во меч од квалификациите за ЕП 2024. Напаѓачот Ромелу Лукаку постигна четири голови и со тоа стана рекордер во квалификациите за Евро-шампионатот.

Лукаку постигна 14 голови во квалификациите со што е на првото место на листата на рекордери, на второто место сега се Дејвид Хили  од Северна Ирска и Роберт Левандовски од Полска со по 13 голови.

Хили до 13 голови стигна во квалификациите за ЕП 2008, додека Левандовски во квалификациите за ЕП 2016.

Лукаку постигна три гола во победата на Белгија на гостувањето во Шведска со 3:0, по два гола постигна на двата меча против Естонија (вкупно четири), по еднаш стрелаше на двата меча со Австрија, еден гол на реваншот со Шведска и сега четири против Азербејџан.

Белгија ќе игра на ЕП откако го осигура првото место во групата Ф.

ПретходноВо првиот обид ВАР нѐ спаси, но во вториот се е чисто – Англија изедначи! (видео)
СледноНавивачки спектакл – ѕвездено небо на „Арената“ (видео)